Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи, туку кој ќе турка по вистинскиот пат

„На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат. На претстојните претседателски и парламентарни избори имаме само една шанса да го избереме правецот на државата“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27. конгрес на партијата.

Тој додаде дека ДПМНЕ нуди само кризи, изолација, заглавеност и нови изгубени години без промени, напредок и иднина.

„СДСМ е единствената која нуди и покажала дека Македонија има реална надеж за подобро утре, за сигурна евро-атланска иднина. Иако патот е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински промени во нашата земја и нејзината иднина. Затоа што Европа значи солидарност и еднаквост, значи развој и напредок, значи демократија и мир“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека во политиката, како и во животот, најголем дел од работите се сведуваат на одлуките и на изборите кои ги правиме.

„Од одлуките зависи правецот на движење, или како што вели нашиот народ, ‘кој пат ќе го фатиш’ за на крајот и каде ќе стигнеш. Денеска, на овој 27 ми конгрес на СДСМ пред сите вас овде во оваа сала, пред сите нас е уште една важна одлука. Одлука како дел од историјата на оваа партија и држава“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +