Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велешанец колабирал на улица и починал, сограѓанка се доближила и му го украла паричникот

Велешанка ограбила починат сограѓанин на улицата Илинденска во градот.

Според информациите од полицијата, морничавиот настан се случил вчера.

Се’ почнало кога 54-годишниот велешанец трагично паднал на улицата и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка која му ги одзела парите што ги носел со себе.

Жената е задржана во полициска станица, а за настанот известен е јавен обвинител.

По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат до СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

ДЕСК

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Семејна драма во Центар двајца синови го нападнале својот татко

ДЕСК