26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студ, снег, дожд, пад на температурите – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза – што нѐ очекува со времето од понеделник

Утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.

Прогноза за 04.03.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 05.03.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (над 25 l/m2), а на планини од снег. Врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 06.03.2024
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.