18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Тигрите со реакција за вежбата на Тошковски: Навредени сме и револтирани од постапката на Интервентната полиција

„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и зразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лушување на лице од слободе кое беше облечено во маица идентитчна со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“ се вели во известувањето на САЕ-Тигар.

Тие се револтирани што фотографиите од ваквото апсење и видеото од вежбата се објавени преку официјалните канали на Министерството за внатрешни работи.

„Од своето формирање до денес единицата застануваше на браникот на одбраната на нашата држава кога тоа беше најпотребни, при што 7 припадници загинаа, а голем број беа ранети носејќи го амблемот на единицата со глава од тигар како заштитен знак“ се вели во известувањето.

Фотографиите и видео инсертите се направени при посета на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на Единицата за интервентна полиција, каде што била изведена показна вежба.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК