28.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Проработе црната листа од САД – покренато обвинение против Мерко

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во врска со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, соопштија од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинари.

Иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција, стигнала малку подоцна, а предистражната постапка била макотрпна, но конечно прибравме доволно докази. Обвинението се однесува на „злоупотреба на службена положба“ по однос на аудито, член 353 став 3 во врска со став 1, рече обвинителката.

Пред неколку години Мерко, во време кога неговата општината беше задолжена, потроши 114.000 евра за набавка на четири автомобили, меѓу кои беше и луксузниот „Ауди А6“ вреден скоро 67 илјади евра.

Поради овој случај но и поради други сомневања, Мерко во јуни минатата година беше ставен на „црната“ листа на САД.

Поденсеното обвинение против Мерко е прво откако тој заврши на „црната“ листа што може да протолкува дека конечно во реалноста македонските институции преземаат чекори и постапуваат по листата за санкции на САД.