Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски: Најавувам граѓанска кандидатура бидејќи имав мандат без ниту една стратешка грешка, афера и непотизам

„Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.

Тој додаде дека очекува во недела и СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник и останатите десетина партии од коалицијата на СДСМ.

„Главната причина за мојата кандидатура е што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и случај на непотизам, судир на интереси со мене, моето семејство, роднини, пријатели, најблиски соработници“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека како национален координатор ги предводеше преговорите за членство во НАТО, а во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата.

„Очекувам во вториот мандат да станеме членки на ЕУ“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК