„Не очекувам било какви потреси можат да направат и Максим Димитриевски и било кој друг, секако дека социјадемократските вредности се основата на она што значи едно општество за сите, и повторно ќе кажам, она што значи претседател кој ги има европските вредности, она што значи претседател кој што се борел подеднакво за сите граѓани, она што значи претседател-политичар со интергритет , сето ова е на страната на Стево Пендаровски. Неговата победа, секако која што ја имаше минатите избори ќе биде соодветен ветер во грб и за овие избори. Мислам дека, немаше било какви негативности во делот на неговото функционирање, напротив, успеа да се постави како силна политичка фигура во меѓународниот фактор, знаеше да направи дистинкција што е добро, а што не за граѓаните да го задржи својот идентитет и авторитет,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во вестите на Алсат ТВ.
Во врска со анкети за престојните избори Лукаревска посочи дека главните анкети се на денот на изборите.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...