25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Никој не може да биде над судот, но најдовме соодветно законско решение со кое имаме намалување на коефициентите на платите

„Согласно новите законски измени имаме намалување на коефициентите. Не смее да се заборави фактот дека тоа е зголемување од 78% е соодветна судска одлука, ниту е партиска одлука на СДСМ, ниту на Владата, ниту на било која друга политичка партија. Многупати имаме зборувано во јавноста од различни владини претставници дека се подготвува соодветно законско решение кое што ќе ги намали овие дисторзии. Затоа што, никој не може да биде над судот. Но, затоа пратениците мораа да интервенираат за да се надмине и овој проблем. Знам дека се создаде еден посебен економски тим под палката на тогашниот претседател на влада, Ковачевски, и се бараше соодветно законско решение за да овој проблем се надмине,

Во врска со законското решение за спречување на нефер трговски практики и дали се очекува нов ценовен шок, Лукаревска истакна дека од утре настапуваат на терен вработените од пазарен и трудов инспекторт и дека онаму каде што ќе се согледаат извесни прекршувања на законите и она што значи непочитување на одредени одредби ќе се изрекуваат казни.