Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи од Старо Нагоричане: СДСМ ќе победи на изборите и ќе ја водиме државата таму каде што заслужува, во Европа

Вечерва во Старо Нагоричане се отвори новиот промотивен штаб на Социјалдемократскиот сојуз каде се обрати потпретседателот, Фатмир Битиќи, кој кажа дека инспиративните разговори со сопартијците го исполниле со големо чувство на одлучност.

„Одлучност СДСМ да го мобилизира гласот на граѓаните и да победиме на претседателските и парламентарните избори. Победата е избор, затоа СДСМ нема да побегне од тој избор. Ќе победиме и ќе ја водиме државата таму каде што заслужува, во Европа.

Но дозволете ми да бидам јасен, во прашање се два дена, 24 април и 8 мај, кога вашиот глас и гласот на сите граѓани и граѓанки нема да биде само заокружување со пенкалото на гласачко ливче, тоа ќе биде инвестиција во иднината на нашите деца, тоа ќе биде влог во градењето на подобра сегашност за генерациите што доаѓаат. Кренете го и ширете го добриот глас кој го оставиме зад себе. “– рече потпретседателот Битиќи

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК