25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Бројките сами зборуваат, платата во градинките во 2016 година била 15.509 денари, а во 2023 – 28.891 денари, зголемување од 86%

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук објави преглед на зголемувањето на платите во јавниот сектор во периодот од 2016 до 2023 година.

„Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега. Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“, потенцираше Битиќи.
За споредба, платата во градинките во 2016 година била 15.509 денари, додека во 2023 година изнесувала 28.891 денари, процентуалното зголемување изнесува 86%. Платите во основно училиште во 2016 била 20.745 денари, а во 2023 била 34.259 денари, што значи зголемување од 65%. Во средните, пак, ако во 2016 година биле 20.917 денари, во 2023 година изнесуваат 35.331 денари, или 68% зголемување. Состојбата во однос на платите на на универзитетите во 2016 година во висина од 27.789 денари, а во 2023 изнесувала 51.563 денари, односно покачување од 85%.

Дополнително, ако во 2016 година платата во Армија изнесувала 24.605 денари, во 2023 година изнесува 43.141 денари, односно 75% процентуално зголемување на платата. Во полиција, во платата исплатена во 2016 година изнесувала 31.353 денари, додека во 2023 изнесувала 44.367 денари. Тоа е зголемување во висина од 70% за здравствените работници. И за крај, здравствените работници во 2016 година земале плата во износ од 24.829 денари, а во 2023 година 42.379 денари, односно имале 70% покачување на платите.

„Ако не верувате во овие бројки, разговарајте директно со овие професионалци од јавниот сектор! Тие се сведоци на позитивните промени што ги донесовме во нивните животи и во целиот јавен сектор. Дела, не зборови“, заклучи Битиќи во својата објава.