29.8 C
Скопје
26. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Владата на СДСМ оствари значително подобри економски резултати од тоа што Мицкоски го ветуваше пред изборите во 2020

Пред изборите во 2020 година, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на граѓаните им ветуваше подобар животен стандард и минимална плата од 18 илјади денари, а просечна плата од 32 илјади денари до крајот на мандатот, односно до 2024 година.

Според тогашните изјави на Мицкоски, изводливо било покачување на минималната плата на 18 илјади денари до крајот на мандатот, а просечната плата рече дека би ја зголемил за 25 отсто на 32 илјади денари.

За среќа, на власт во 2020 година остана СДСМ, па ваквите најави и проценки на Мицкоски останаа неостварени, бидејќи и минималната и просечната плата пораснаа значително повеќе.

Од март 2024 година, минималната плата во Македонија е зголемена за 12,55% и изнесува 22.500 денари, со што се надминаа проекциите на Мицкоски. Просечната плата пак, наместо 32 илјади денари колку што ја ветуваше Мицкоски во декември 2023 година изнесуваше 39.998 денари.