Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митрески се сретна со бугарскиот амбасадор: Да се креира и промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија при што истакна дека позитивниот став за средби и посети е многу важно да продолжи во иднина, затоа што на тој начин се испраќаат пораки за спремност за отворен разговор и желба за унапредување на билатералните односи меѓу две соседски држави.

Претседателот Митрески го поздрави формирањето на Парламентарна група за пријателство со Собранието на Република Северна Македонија во Народното Собрание на Бугарија, при што се очекува по завршување на парламентарниот избори во земјата и формирањето на Група за соработка во Собранието и тие да се состанат и да остварат позитивна соработка.

Амбасадорот Ангелов му честиташе на Митрески за неговиот избор за претседател на Собранието на Република Северна Македонија и му посака успешна работа. Истакна дека комуникацијата меѓу двете држави мора да продолжи со цел да се зацврсти меѓусебната соработка. Тој покажа интерес за тековните законски решенија кои во моментов се усвојуваат во Собранието.

Двајцата соговорници ја реафирмираа важноста за подобрување на севкупните односи и соработка меѓу две држави, со посебен акцент на европската перспектива на Република Северна Македонија. Истакнаа дека е потребно е да се креира и промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба, како и продолжување на динамиката во билатералната агенда, со цел да се постигнат резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните.

Тие се согласија дека единствениот пат кон побрз развој е продлабочување на економска соработка, што ќе придонесе за постигнување на клучните европски приоритети додека енергетското и инфраструктурното поврзување се клучен предуслов за развој на успешен бизнис и за издржливост за време на кризи.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК

СУДСКИ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА – Вештак укажува на можни пропусти при обезбедувањето на доказите

ДЕСК