18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2

Соопштение на СДСМ:

Во време на ДПМНЕ работниците беа третирани како евтина работна рака и затоа минималната плата беша 8.000 денари а просечната плата беше едвај над 20.000 денари.

СДСМ минималната плата од 8.000 денари ја покачи на 22.500 денари, што значи 3 пати повеќе од времето на ДПМНЕ.

Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2.

Просечната плата СДСМ ја покачи на 40.000 денари што е речиси двојно од времето на ДПМНЕ.

Дополнително, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните а ДПМНЕ – НУЛА, ниту еден денар.

Веселата математика на ДПМНЕ само покажува дека оваа партија се уште е заглавена во тоа време кога наместо за граѓаните и работниците парите се фрлаа за споменици, барок и стиропор.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК