Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски се обрати на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа кој се одржува во Тирана, Република Албанија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање нотираше дека неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите дека американскиот Конгрес ќе издвои околу 90 милијарди долари, се активности во вистинска насока. Тој истакна дека Северна Македонија беше меѓу првите земји којашто и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина и посочи дека досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра.

Претседателот Пендаровски нагласи дека заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства. „Денес од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе ги одрази аспирациите на украинскиот народ“, порача претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК