Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Се што започнавме како реформа наидовме на препрека и блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ

„Ако зборуваме за образование, пред три години се воведе концепција којашто веднаш со нејзиното воведување и почеток на спроведување наиде на еуфорија која почна да се прави со блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше нова реформа која вклучуваше реконструкција на кабинети во секое основно училиште, нови учебници. Учениците имаат учебници, се случи мало задоцнување на учебници на ученици кои учат по новата концепција заради технички причини во којшто министерството за образование и наука имаше објавено конкурси“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева во „Студио 10“ на 24 Телевизија.

Таа додаде дека тезите дека нема учебници се само само дезинформации кои штетат на граѓаните.

„Се што започнавме како реформа наидовме на препрека и блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ. За реформите е потребен континуитет“, заклучи Колева.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК