25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ибрахим Мехмети: Невозможно е да се продолжи европскиот пат без да се донесат уставните измени, тоа го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во интервју за Слободен печат истакна дека некои опозициски партии пред се ВМРО-ДПМНЕ ги доведуваат во заблуда граѓаните околу европската иднина на државата.

„Одредени опозициски партии особено ВМРО-ДПМНЕ ги убедува граѓаните дека имаат некоја формула која ќе обезбеди членство во ЕУ, без да се направат уставните измени или ќе го направат тоа на некој начин што нас не ни е познат и мислам дека тоа влијае кај граѓаните кои си велат па добро ако не мора не треба да ја голтнеме таа горка пилула, ќе го заобиколиме тоа и проблем ќе се реши сам“ вели Мехмети.

Според него невозможно е да има напредок во евроинтеграциите без да се донесат уставните измени.

„Речиси е невозможно без уставните измени да се продолжи европскиот пат, мислам дека тоа го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, но и влијателни медиуми. Меѓународните односи не функционираат како што функционираат внатрешните, да можеш да направиш некои комбинации, туку таму има јасни обврски, особено во ваков момент каде се сите нервозни и никој нема време да се бави со нечии фрустрации“ посочи Мехмети,