Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Чупеска: Тој што не сака преговори со ЕУ, не сака ни борба против корупцијата

„Мора да ни биде јасно дека тој што не сака да преговара со ЕУ, брутално лаже дека сака да ја уништи корупцијата. Ако вие ги блокирате отпочнатите преговори и тврдите дека корупцијата е проблем, а притоа негирате потреба од продолжување на преговорите лажете, бидејќи самите преговори имаат трансформативен карактер“ рече универзитетската професорка Ана Чупеска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека со самите преговори се прави притисок кон државата кандидат да се направат радикални промени на подобро.

„Не е точно дека корупцијата е причина за неприфаќање на преговарачката рамка. Тоа не се взаемно исклучиви работи. Тој што не сака да преговара, не сака да искорени ни корупција“ рече Чупеска.

Професорката рече дека преговарачката рамка не ги содржи само уставните измени, туку и адресира состојби за кои се бараат сериозни реформски интервенции.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +