Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Чупеска: Македонската и албанската опозиција користат ист етнопопулизам како во балетски синхронизирана претстава

„Она што ме загрижува во кампањата е етнопопулизмот. Албанската и македонската опозиција како да си се усогласени во своите националистички и етнопопулистички реторики. А после кога ќе бидат власт ќе се сакаат? Сега ќе се плукаат, после ќе треба да се сакаат“ рече универзитетската професорка Ана Чупеска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека колку и да го сметаат за легитимен етнопопулизмот, мора да се внимава во мултикултурна средина бидејќи тој може да има лоши долгорочни ефекти.

„На луѓето им требаат обединувачки тонови, а не разединувачки. До кога таа приказна ќе ја узурпира политичката сцена? Етнопопулизмот кај нас е како во балетски синхронизирана претстава“ рече Чупеска.

Професорката рече дека ваквите наративи можеби ќе донесат краткорочно глас плус, но на долг рок не ги еманципираат луѓето поради што нема напредок.

„Ако сакаме напредок како општество, политичарите мора да имаат функција за еманципација“ рече Чупеска.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК