11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Арсовска го промовира новото биокомпостиште: решение за справување со органскиот отпад

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија го промовира новото биокомпостиште за ефикасно компостирање органскиот отпад. Kомпостиштето е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостиштето се овозможува ефикасно решение за справување со проблемот со органскиот отпад за домашна, комерцијална и индустриска употреба, при што низ процесот на компостирање сите видови органски отпад се претвораат во висококвалитетен компост.

Продолжуваме со реализација на проектите од програмата „За модерно Скопје“ за озбезбедување здрава животна средина за граѓаните. Во рамките на реализацијата на екомастер-планот се промовира еколошко управување со органскиот отпад, а биокомпостиштето значително ќе придонесе за ефикасно справување со органскиот отпад, велат од Град Скопје.

Појаснуваат дека ова ново автоматско биокомпостиште е со капацитет на преработка од 1.000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа и со користење екоаеробен метод, при што се добива висококвалитетен компост подготвен за употреба во рок од 3 до 7 дена. Со овој начин на третирање на отпадот значителено се намалува неговиот волумен, односно 1.000 килограми биоотпад се трансформира во 150 до 200 килограми компост, што е намалување на волуменот за 80 до 85 проценти, со што се олеснува процесот за негово користење и складирање. Исто така, со процесот на компостирање значително се намалуваат трошоците за управување со отпадот, со тоа што од органскиот отпад се добива висококвалитетен компост за соодветна употреба во скопските јавни претпријатија.

Спонзорирано: