11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи

По иницијатива на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи

Овозможуваме непречен меѓународен транспорт и побрзо издавање на патни исправи за домашните транспортери, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска на седница на Владата се донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.

Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.

Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

„Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите.“ – изјави министерот Бочварски.

Спонзорирано: