24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 2 075 повици на 112, а до утрово имало вкупно 14 пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 075 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,75%, а 61,25% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,22%, кон Итната медицинска помош 33,73%, кон пожарникарите 6,67%, а кон АМСМ 0,39% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, со другите што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 271 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Имало вкупно 14 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.
Конкретно, Регионалниот ЦУК – Скопје и РЦУК Куманово информираат за по три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Битола за четири и РЦУК-Велес и РЦУК-Штип информираат за по два пријавени и изгаснати пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.