Centar.mk
БИЗНИСвест

МЗШВ: Реализирана исплатата на директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за секторите живинарство и свињарство.

Кон 36 земјоделски стопанства, кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 година, до 30 септември 2023 година исплатена е финансиска поддршка од 82 милиони денари. Кај оваа мерка висината на финансиската поддршка, по несилка изнесува 120 денари.

Вкупно 7 милиони денари се исплатени кај мерката за женски приплодни грла маторици. Финансиската поддршка е исплатена кон 256 земјоделски стопанства, кои одгледуваат минимум 5 маторици и истите ги чувале до 30.11.2023 година. Кај оваа мерка висината на директните плаќања, по грло маторица изнесува 1.000 денари.

Новиот модел за субвенционирање ги дава своите очекувани резултати. Сите земјоделци и сточари, се сведоци за брза и навремена исплата на заслужените субвенции.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК