Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски среде Куманово го нападна Димитриевски – најави дека догодина ВМРО ДПМНЕ ќе постави свој градоначалник на Куманово (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отварањето на партискиот изборен штаб во Куманово упати грст навреди кон опозициските политички субјекти кои не се дел од коалицијата која ја предводи неговата партија.

Испратените пораки имаат посебна специфика бидејќи токму од Куманово потекна идејата за формирање на ЗНАМ, партијата на Максим Димитриевски.

За Мицкоски т.н. трет пат не постои и секој глас даден за новата партија на Максим Димитриевски- ЗНАМ или за кој било друг субјект претпоставува ситнење на отпорот.

„Немојте да дозволите тие лажни патриоти и популисти да ви кажуваат како треба. Ние знаеме како треба. Да се обединиме околу коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. На следните избори ќе се одлучува меѓу нас и СДСМ. Нема трета опција, немојте да дозволите да не делат“, рече Мицкоски.

Освен тоа, Мицкоски директно му се закани на Димитриевски да си ја чува градоначалничката фотеља, најавувајќи дека токму тоа ќе биде следниот чекор на ВМРО ДПМНЕ, по претседателските и парламентарните избори.

„Ќе бидам најсреќниот човек кога во октомбри 2025 година конечно ќе го видам Куманово слободно со градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е нашата цел’, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК