Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Времето драстично се менува: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во текот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Во текот на целиот период ќе дува умерен, а во четврток засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 28.02.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 29.02.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 01.03.2024
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +