24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗА ТИЕ ШТО НЕМААТ ПАСОШИ: За осми март и велигденските празници фрчат понуди за празнување во Србија, Црна Гора и Албанија

Граѓаните кои што не успеаа да извадат нови документи со името Република Северна Македонија, а планираа традиционално за 8-ми март или Велигденските празници да патуваат во Грција или некоја друга туристичка дестинација низ Европа, ќе може овие празници да ги поминат во соседна Албанија или Црна Гора каде може да се патува и со лична карта.

Туристичките агенции кои имаат на лепеза понуди за овие дестинации тријат раце, бидејќи десетици милиони евра кои Македонците вообичаено ги трошат во Грција и ЕУ дестинациите ќе бидат пренасочени кон овие дестинации. На годишно ниво се работи за над милијарда евра.

Доколку проблемот со издавањето на пасоши продолжи и во следните месеци, граѓаните и за летување на море ќе мора да избираат меѓу овие две дестинации, велат доброупатени извори од туристичките агенции.

Од ваквата ситуација бенефит ќе видат и македонските туристички центри.

Албанија засега не прави проблем со старите лични карти, пишуваат медиумите. Но сепак вадењето на нова лична карта со новото име би можело да биде побрзо, отколку вадењето на пасош, па така државите каде македонските државјани може да патуваат со лична карта како Албанија, Србија, Црна Гора и БиХ стануваат алтернатива за граѓаните кои не обезбедиле нов пасош.