24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

РУСКИ ПАРИ ПРЕКУ ГЕРМАНСКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА? ДУИ обвинува дека грантови биле давани на новинари

Во објавениот список на медиуми и новинари кои тесно соработуваат со оваа организација од нашата земја се појавува името на познат новинар, кој од 2015 година е активен дел од проруската пропаганда која ја шири оваа организација, обвинува ДУИ.

Демократската унија за интеграција(ДУИ) денеска соопшти дека е загрижена за т.н. „руски наративи“ во Македонија и на Западниот Балкан. Партијата тврди дека грантови за ширење руска пропаганда биле давани преку германска невладина организација. Од ДУИ велат:

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост по објавените медиумски известувања за финансирање на руски наративи од страна на германската невладина организација АЈКФ, преку грантови дадени за ширење на руската пропаганда во нашата земја и во Западен Балкан, велат од ДУИ.

– Сите овие медиумски извештаи ја потврдуваат постојаната загриженост искажана од Али Ахмети и Демократската унија за интеграција за силното присуство на руски елементи во медиумскиот и политичкиот простор на нашата земја и пошироко.

Демократската унија за интеграција ги повикува сите политички и општествени чинители на земјата и на Западен Балкан да посветат поголемо внимание на овој загрижувачки феномен, тесно да соработуваат за еднаш засекогаш да го изолираат штетното руско влијание врз сите наши земји.

Да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!“, се вели во соопштението на ДУИ, велат од ДУИ.