Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Со СДСМ над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат

Економските политики на СДСМ значат поголеми плати и повисок животен стандард на граѓаните. Просечната плата СДСМ успеа да ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари, а тоа се 650 евра, рече на денешната прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој додаде дека во времето на ДПМНЕ, просечната плата беше едвај 22.000 денари или 360 евра.

-СДСМ не само што го исполни своето изборно ветување за 500 евра просечна плата туку и го надмина на 650 евра. Денеска просечната плата е за 290 евра поголема од времето на ДПМНЕ, речиси двојно. СДСМ го вреднува и го почитува трудот на работниците, со СДСМ има повеќе за сите, рече Каевски.

Според Каевски, ДПМНЕ ги сметаше работниците за евтина работна сила и парите наместо за граѓаните ги фрлаше на споменици и стиропор.

-Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард. Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма ќе работи да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни, – рече Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК