Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Оваа Влада го зголеми стандардот на граѓаните за точно 10 процентни поени, односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните

Вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук по повод објавата на Трајко Славески на платформата Х напиша и да се прифати дека вкупната инфлација за 2022 и 2023 е 25%, како што професорот Славески наведува по социјални мрежи, иако таа реално по официјалните бројки на ДЗС изнесува 23,6% (14,2%+9,4%), неговото тврдење го побиваат резултати.

„На почеток со растот на нивото на платите во целокупната економија во истиот период, односно да споредиме просек од декември 2023 и 2021 година, за кои веќе имаме официјален податок. Резултатот, погодувате, секако го негира тврдењето на професорот, затоа што во истиот тој период од просечните 29.943 денари за декември 2021 платата се зголемила на просек од 39.998 денари во декември 2023, или тоа е кумулативен раст од 33,6%“, потенцираше Битиќи.

Тој заклучи дека за да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени, што е далеку далеку повеќе од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче ќе оддржи важна прес конференција во 11 часот

ДЕСК

АПСЕЊА ВО ТЕТОВО: Од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување

ДЕСК

Христоски: Реализиравме над 90% од програмата, за новиот мандат највувам капитален проект во секое населено место во Крушево

ДЕСК