Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

21 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Вo текот на изминатата ноќ (24/25 февруари) од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата е санкциониран 21 возач (ТЕ-14 и ГВ-7). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.Во акциската контрола санкционирани, исто така, биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-18 ГВ-5). Секторот за внатрешни работи Тетово ќе продолжи со вакви контроли и во наредниот период, а до возачите апелираме да не управуваат возило доколку консумирале алкохол. Со тоа, тие најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за вкупната безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК