Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР со нови најави за времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Потоа до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Прогноза за 26.02.2024
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно и релативно топло, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 27.02.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 28.02.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +