24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи на посета на Генералниот конзулат во Њу Џерси: “Ефикасни услуги за нашите државјани главен приоритет за МНР”

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при престојот во Соединетите Американски Држави по повод учество на пленарниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации, оствари посета и на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Њу Џерси, каде укажа дека давањето ефикасни услуги за нашите државјани ширум светот е приоритет број еден и дека Министерството во овој период нема поважен приоритет.

“Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат!”, истакна Османи.

Покрај другите конзуларни услуги, Конзулатот врши процедура на издавање на нови патни исправи, при што во последно време се врши фотографирање на над 35 наши државјани дневно, на термини одредени од нивна страна за што Конзулатот работи во две смени и за време на викенд.

Според извештајот на Конзулатот, бројот на барања за конзуларни услуги оваа година е значително поголем од лани. Од почетокот на 2024 година, до 22-ри февруари Конзулатот има издадено 49 полномоштва, 56 патни листови, 1 спроводница, 273 патни исправи и веќе има потврдено 1282 термини за сликање за нови патни исправи. Додека во текот на 2023 година, имаше вкупно 434 барања за патни исправи, 136 патни листови, 4 полномоштва и 18 спроводници.

Османи ја искористи приликата директно да разговара со нашите државјани, кои се најдоа во Конзулатот со цел да се запознае со нивните потреби и изнаоѓање на евентуални начини за подобрување на услугите.

Минатата недела, Османи оствари посети на нашите најоптеретените дипломатско-конзуларни претставништва во Европа, како што се Бон, Минхен, Берн, Венеција, Виена и Брисел.