11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Центарот за одржлив развој „Алка“ спроведува едукативна кампања во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“

Центарот за одржлив развој „Алка“ со цел зголемување на свеста на населението за потребата од правилно одлагање и рециклирање на отпадот, како еден од најважните сегменти за зачувување на животната средина, во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“, спроведува едукативна кампања.

Препознавајќи ја потребата за едукација уште од најрана возраст, како и за примена на здрави навики, Центарот одлучи да одржи две едукативни работилници во општините Центар и Карпош.

-Потпишавме Меморандуми за соработка со Општина Центар и Општина Карпош со цел унапредување на соработката и организирање на едукативни работилници во две градинки во општините. Нашата цел е на креативен начин на дечињата да им ги објасниме постапките за правилно одлагање и рециклирање на отпадот, а воедно да им ја претставиме и потребата од редуцирање на сметот. Децата од најмали нозе треба да градат здрави навики за да се изградат во индивидуи кои во правилна насока ќе се грижат за животната средина. Во рамки на работилниците дечињата ќе изготвуваат и предмети од отпад, кои во иднина ќе им служат како потсетник за различни идеи за рециклирање, истакна претседателката на „Алка“ Елизабета Ѓорѓиевска.

Во рамки на проектот, Здружението „Алка“ ја изготви и Анализата „Заедно за климатски промени“, што беше направена врз основа анкета, што беше спроведена во 306 домаќинства од општините Центар и Карпош.

-Станува збор за сеопфатна Анализа со која добивме целосна слика за состојбата на терен, во насока на нивото на свеста на населението во однос на одлагањето и рециклирањето на отпадот, нивната активност на тоа поле, предизвиците со кои се соочуваат, како и едукацијата во таа насока. Од Анализата произлегоа многу корисни препораки со чие имплементирање ќе се унапреди состојбата, а со тоа ќе се придонесе кон зачувување на животната средина, посочи Ѓеорѓиевска.

Врз основа на податоците кои се добиени од Анализата, изготвена е кампања за социјални медиуми со која се прикажува реалната состојба во однос на управувањето на отпадот. Со кампањата се комуницираат сите добри практики во тааа област со цел зајакнување на свест на населенито во однос на важноста од редуцирањето на отпадот, како и неговото правилно одлагање и селектирање.

-Дизајнирани се креативи кои на сликовит начин ги презентираат податоците за состојбата во однос на селектирањето и рециклирањето на отпадот, предизвиците кои треба да се надминат, како и чекорите кои треба да ги преземе државата со цел да им овозможи на граѓаните соодветна инфраструктура за одлагање и рециклирање на отпадот. Дополнително, на социјалните мрежи, преку објавите ќе се информираат граѓаните за потребата од овие дејствија, како и за насоките за правилно рециклирање. Клучно е константно да се развива свеста за грижата за животната средина, а токму оваа кампања е во таа насока и е наменета за сите генерации, нагласи Ѓеорѓиевска.

Проектот е финансиски поддржан со институционален грант, во рамките на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.

Центар за одржлив развој „Алка“

Спонзорирано: