Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден скопјанец, го искасало кучето на соседот

Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, 71-годишниот Љ.Н. од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот 57-годишниот Р.Л. од Скопје, извести МВР.

„Притоа, и сопственикот бил каснат од своето куче при обид да го оттргне од соседот Љ.Н.. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н., а со телесни повреди сопственикот на кучето, констатирани во приватна болница во Скопје“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК