Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколкумина повредени во сообраќајка во Тетовско

Вчера во 19.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на регионалниот пат Тетово -Јажинце со регионалниот пат за тетовски Лешок се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишната Б.Х. од тетовско Орашје и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Т.С. од тетовско Нераште, извести МВР.

„Во несреќата, Б.Х. и нејзината сопатничка Н.Х.(58) се здобиле со тешки телесни повреди, додека вториот возач и двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +