25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џафери: Зголемениот број студенти, зборува за квалитетните услови и настава која се одвива на Универзитетот „Мајка Тереза“

Премиерот Талат Џафери, денеска го посети кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза”, при што оствари средба со ректорот, проректорите и претседателката на Сенатот на Универзитетот, а посети и дел од амфитеатрите.

По посетата Џафери посочи дека: „Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, иако е еден од помладите универзитети во државата, сепак бележи успеси, особено во однос на бројот на студенти кои сакаат да ја следат наставата на факултетите кои се во рамки на Универзитетот.“

Тој истакна дека согласно податоците од ректорската управа на Универзитетот, бројот на студенти секоја година се зголемува: „Бројот на студенти од година во година се зголемува и тоа само по себе зборува за квалитетот на којшто се одвива наставата овде. Тоа зборува и за квалитет на научно наставниот кадар и за студентите кои доаѓаат тука.“

Во рамки на посетата, премиерот Џафери ги посети и просториите на универзитетската управа, како и лабораториите во оваа високообразовна установа, која 9 години од нејзиното основање, беше без просторни услови за работа.

За Универзитетот „Мајка Тереза“, со владина одлука минатата година е доделена парцела од 50.000 метри квадратни, во кругот на поранешната касарна „Илинден“. За главниот објект, на површина од 3.300 метри квадратни, беа наменети 95 милиони денари за реновирање на просториите на главниот објект и 5 милиони денари за дополнителни потреби.

Денес, Универзитетот има 8 факултети, каде што наставата се одвива на 3 јазици. И, има 2.500 активни студенти, од сите етнички припадности, со над 100 професори и асистенти и 70 администратори кои работат во современи услови.