Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Грковска: Сите изборни процеси се тест за демократската зрелост на едно општество

Секои избори претставуваат тест за демократската зрелост на едно општество и токму заради тоа го испратив писмото, за да биде едно потсетување за тоа кои се обврските, не само на политичарите, туку и на сите институции и на централно и на локално ниво, рече вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во интервју за Слободен печат, одговарајќи на прашање поврзано со неодамнешното отворено писмо што таа го испрати во јавноста.

„Изборите треба да бидат еден празник на демократијата, каде што граѓаните во суштина треба да ја покажат својата моќ на одлучување, односно да го одберат оној кој сметаат дека со својата програма најдобро ќе ги застапува интересите на нашата држава. И ова не го зборувам случајно, заради тоа што обврска е на сите политички чинители, без да се служат со дезинформации, со лажни вести, во своите програми да го претстават точно она за коешто ќе се залагаат доколку ја добијат довербата и на тој начин да ја бараат довербата од граѓаните“ посочи таа.

Во однос на политичките превирања што се случуваат, Грковска истакна дека тоа е нормална појава во секоја демократија, но се додека тие се во границите на една нормална политичка дебата.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК