Centar.mk
БИЗНИС

Европската Унија почна истрага против „Тик-ток“

Европската комисија почна истрага против „Тик-ток“ за наводно прекршување на правилата на Европската Унија за заштита на децата и транспарентност на рекламирањето на социјалната мрежа.

Комисијата истражува дали алгоритмите на „Тик-ток“ создаваат зависност, односно феноменот дека апликацијата ги преплавува корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за некоја тема.

Комисијата ги истражува и поставките за приватност на малолетниците, како и дали кинеската платформа ја задоволува обврската за прикажани реклами.

Истрагата се однесува на потенцијални прекршувања на Законот за дигиталните услуги (DSA), релативно нов збир на закони што ги регулираат онлајн-платформите. DSA бара тие да управуваат со разни ризици, како што се заштитата на менталната благосостојба и правата на децата.

Законите исто така забрануваат употреба на податоци за малолетници за да им се сервираат насочени реклами.

Доколку се покаже дека „Тик-ток“ навистина ги прекршил тие правила, се соочува со казна до 6 отсто од годишните приходи.

Можеби ќе ве интересира

ШЕФОТ ПИШУВА ПО РАБОТНО ВРЕМЕ: Кога работата влегува дома преку телефон

ДЕСК

НБРМ: ММФ ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка

ДЕСК

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

ДЕСК