24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Неприфатливо е припадник на македонска полиција да спречува друг колега во вршење на службени дејствија

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент кога поранешен висок функционер во МВР нападнал свој колега додека извршувал службени дејствија пред угостителски објект.

„Не коментирав лицето кого обезбедува, каде работи, туку дека е лице припадник на МВР кој претходно извршувало високи функции во Министерството, за мене како човек и како носител на функција е недозволиво такви инциденти. Затоа повикав и вчера и денеска внатрешна контрола, сите истражни органи, да го испитаат случајот максимално професионално до крај, без политички заднини. Барам како е по закон така да се постапува. Мојот став е дека за мене е неперифатливо припадник на македонската полиција да спречува друг припадник во вршење на службени дејствија, посебно кога се работи за дрога. Никој нема да има поддршка ниту ќе има поддршка од мене за таа работа”, дециден беше Бојмацалиев. Притоа, тој повика политичките партии да се воздржат од коментирање на случајот.

„Мојот став е јасен – по закон максимално професионално да се изврши целата истрага и да се дојде до крајот, без никакви политички заднини, од било која партија. Тука се работи за напад на припадник на македонската полиција. И порано сме кажувале – напад на полицаец е напад на државата. Барам судството и обвинителството сериозно да постапат во овој случај, во рамките на доказите што ќе ги обезбедат”рече Бојмацалиев.