Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерката Костадиновска-Стојчевска на изложбата ИАС’23: Младите архитекти се иднината на модерната држава

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје присуствуваше на отворањето на изложбата на архитектонски студија ИАС’23.

Станува збор за традиционална изложба на која пред стручната и пошироката јавност се претствени студентските проекти и работа на новите генерации архитекти, кои се дел од Архитектонскиот факултет во Скопје.

„Изложбата на архитектонски студија ИАС’23 која на едно место ги обедини студентите, професорите, и љубителите на архитектурата, ни овозможи преку прикажаните проекти да се запознаеме со визиите, талентот и креативноста на младите архитекти, но и со најновите тенденции и предизвици во областа на архитектурата“, напиша министерката за култура на својата фејсбук страница.

Таа додаде дека проектите на овие млади архитекти ја презентираат силата која нашата држава ја има во оваа сфера. Вложувањето во студентите е долгорочен и стратешки интерес на секоја земја и секое модерно општество, а изложбата е потврда и показател за квалитетниот млад потенцијал со кој располага нашата земја, која има традиција во создавањето на кадар кој во иднина ќе претставува препознатлив белег на нашиот културен мозаик и во земјата, и надвор од неа.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека сите проекти кои се дел од изложбата несомнено заслужуваат сечија почит и признание.

НАЈЧИТАНО СЕГА...

Можеби ќе ве интересира

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Во брза помош донесен повреден млад маж – познато е како се здобил со повредите

ДЕСК

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.