Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возачките без “Северна” ќе важат до крајот на годината!

Со 89 гласа ЗА, пратениците ја изгласаа потребата од промени во законот за безбедност во сообраќајот. На итната седница која ја свика претседателот на собранието Јован Митрески прва точка беше потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата ќе биде до 31 декември.

Овој закон сега треба да го помине филтерот на комисијата за одбрана и законодавно-правната комисија. Се очекува овие измени да бидат изгласани денеска после 16:00.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Филипче: Скандал од невидени размери е Мицкоски да му дава насоки на обвинителот

ДЕСК