Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Превртено возило во Виничко, три лица повредени

Вчера во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК

СУДСКИ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА – Вештак укажува на можни пропусти при обезбедувањето на доказите

ДЕСК

ПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА – Пратениците поднеле 400 амандмани

ДЕСК