10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Патните документи да важат и во наредниот период: Мицевски со најава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на законите за личните документи

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ подготви и до Собраниетот поднесе измени на две законски решенија, Законот за патни исправи и Законот за возачките дозволи односно за безбедност во сообраќајот.

„Итна е постапката, гледате и вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието.

Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден.

Инаку по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период“, рече Мицевски.

Информира дека имал разговор и со премиерот, кој што, како што рече, го очекуваат да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдат решение.

За да се случи тоа, спортед Мицевски, потребно е барање за свикување на итна седница.

„Со 20 потписи од пратеници може материјалите кои што се по однос на оваа седница да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница.

Затоа очекувам во текот на денешниот ден, да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава“, нагласи Мицевски.

Спонзорирано: