Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Многу важна вест за возачите со стари возачки дозволи: Ако недај боже направите сообраќајка, а имате возачка без Северна, НЕМА ДА ВАЖИ ОСИГУРУВАЊЕТО – Штетата паѓа на товар на возачот!

Министерството за внатрешни работи се огласи околу возачките дозволи со старото име.

-Ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, велат од МВР.

– Полицијата ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

Ова значи дека доколку направите сообраќајка, а немате валидна возачка дозвола, штетата нема да ја покрие осигурувањето, туку самите вие.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК