Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Министерството е отворено за соработка со сите општини, не сме запознаени за проактивност од Општина Штип

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во писмено соопштение кажа отворената работа на министерството изминатите две години ја потврдуваат соработката со останатите општини, кои се проактивни и кои имаат познавања за пишување на проекти вредни за поддршка независно од нивната партиска обоеност.

„За ваква проактивност од Општина Штип не сме запознаени, не е направен обид за комуникација, ниту телефонски, ниту преку електронска пошта“ стои во соопштението на Тренчевска.

„Имено двете градинки во Штип се проектирани за вкупен опфат на 1345 деца, а моментално е запишано само 1161 дете. Вистинската причина за одбивање на децата за сместување во градинка е неспособноста на Општината. Од министерство уште еднаш потврдуваме дека листи на чекање нема, а доколку има тоа Советот на општината може да го реши со одлука за проширување на капацитетот“ вели Тренчевска.

Таа додаде дека градоначалниците кои не нудат решенија за предизвиците на граѓаните, не може да зборуваат за подобрување на системот за детска заштита, а техничкиот министер кој не ги проверува информациите пред да излезе на телевизија, само ја манипулира јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК