Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

(Прес на ЦИВИЛ) МОНИТОРИНГ: Десет дена техничка влада

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција на тема „Десет дена техничка влада“ денеска, 9 февруари, со почеток во 11 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка, 3 кат.

ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на политичките и изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ е следење на работата на техничката влада, чиј состав беше изгласан во парламентот на 28 јануари.

ЦИВИЛ спроведе мониторинг во повеќе области, од кои за првата прес конференција, се издвојува:

Дезинформации и пропаганда поврзани со функционирањето на техничката влада
Главни пропагандни наративи во првите десет дена на техничката влада
Постапување на функционерите на техничката влада во контекст на доброто владеење, одговорноста и транспарентноста
Претставниците на ЦИВИЛ ќе презентираат неколку илустративни наоди во областите што ги покрива со својот мониторинг.

ЦИВИЛ

(Извор: Civilmedia.mk)

Можеби ќе ве интересира

Жена заврши во полициска станица оти возела со 2,63 алкохол во крвта – Полицијата приведе повеќе пијани возачи

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Со ова се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите

C +

Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.