Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазена малолетничка во Гостивар, пренесена во болница со тешки повреди

Вчера, во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улицата 101 во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Н. З., удрило во малолетничка од Гостивар, извести СВР Тетово.

„Во несреќата малолетничката добила тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, а нешто подоцна Н. З. е лишен од слобода“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

18-ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА ПРИЈАВИЛА НАПАД – Познаник ѝ се заканувал со остар предмет

ДЕСК

ВОЗЕЛ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА – Уапсен 31-годишник на патот Маврово – Дебар

ДЕСК

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

ДЕСК