Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Опфатот на деца во градинките го зголемивме од 25 на 50%

Во 2017 година кога ја презедовме власта, затекнавме 25% опфат на децата кои се во предучилишно образование и еден од нашите главни приоритети беше зголемување на опфатот на децата во предучилишно образование, порача заменик министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за Слободен Печат.

„Од 2017 година до денес отворивме 83 градинки и за прв пат отворивме градинки и во руралните средини, Едно општество за сите ни е водилка во процесот секое дете да има пристап до градинките. Вчера бевме во Општина Центар каде се гради нова градинка, а во завршна фаза се уште неколку градинки и тоа влијае на намалување на листите на чекање особено во Град Скопје. Но да потсетам претходно отворивме две градинки во Ѓорче Петров, во Аеродром во Кисела Вода…Во 2023 година одделивме 4 милиони евра за нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош” рече Тренчевска.

Денес, додаде Тренчевска, за разлика од 2017 година опфатот на деца во предучилшно образование е 50% со тенденција да продолжи да расте, а тоа освен што влијае на детската заштита, влијае и на намалување на невработенсота, затоа што во новоотврените граднки се вработува нов стручен кадар.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК