Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците бара разрешување на министерот за здравство и министерот за информатичко општество

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составен од седум члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа, извести дека одлучиле да му предложат на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство.

„Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер“, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК