Познатиот рапер Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше одведен со лисици од арената „Крипто.ком“ за време на доделувањето на наградите „Греми“. Ова се случи откога на синоќешната церемонија доби три награди.
Како што пишува „Њујорк пост“, Мајк бил уапсен поради наводна физичка пресметка со обезбедувањето на настанот.
Breaking: Rapper Killer Mike has been taken away in handcuffs in https://t.co/aF2yiyTHol arena after winning 3 #Grammys during telecast (Best Rap Song and Best Rap Performance for “Scientists & Engineers,” Best Rap Album for Michael) “Free Mike” someone shouts as he walks past. pic.twitter.com/4epfmzqMt8
— Chris Gardner (@chrissgardner) February 5, 2024
На видеото што беше објавено на мрежите се гледа како славниот рапер шета низ салата со најмалку двајца полицајци и неколку мажи во црни костуми.
Видеото го објави Крис Гарднер од „Холивуд репортер“, кој изјави дека постои можност раперот набргу да биде ослободен.
Мајк освои три награди на наградата: најдобра рап-песна, најдобра рап-изведба и најдобар рап-албум.
Потсетуваме, на 66-тото доделување на наградите „Греми“ пејачката Тејлор Свифт испиша историја бидејќи беше првата уметница која четирипати освоила „Греми“.