Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски на средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје

Денес, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје. На средбата се разговараше за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот, независно од тоа што во моментот владее техничка влада задолжена за спроведување на избори.

Исто така, од страна на министерот Тошковски беше потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори, па во таа насока МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите кои не очекуваат и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани согласно законот, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК